Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во Пехчево започна реконструкција на административната зграда на Општината со мерки за енергетска ефикасност

Со официјалното воведување во работа на проектот за реконструкција на административната зграда на Општина Пехчево, денеска започнаа градежните активности за реализација на една од позначајните инвестиции насочени кон подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти во општината. Проектот беше означен како почеток на нова фаза во модернизацијата на општинската инфраструктура од страна на градоначалникот Александар […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со официјалното воведување во работа на проектот за реконструкција на административната зграда на Општина Пехчево, денеска започнаа градежните активности за реализација на една од позначајните инвестиции насочени кон подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти во општината.

Проектот беше означен како почеток на нова фаза во модернизацијата на општинската инфраструктура од страна на градоначалникот Александар Китански, кој истакна дека со неговата реализација ќе се обезбедат подобри услови за работа на администрацијата, но и значителни заштеди во потрошувачката на енергија.

-Реконструкцијата предвидува спроведување на повеќе мерки за енергетска ефикасност на административната зграда, со цел подобрување на нејзините енергетски перформанси, намалување на оперативните трошоци и усогласување со современите стандарди за енергетски ефикасни јавни објекти, информираа од локалната самоуправа.

Реклама

Оттаму очекуваат дека инвестицијата ќе придонесе и за намалување на емисиите на штетни гасови, како и за заштита на животната средина преку поодржливо управување со енергетските ресурси.

Градоначалникот Китански нагласи дека проектот е дел од пошироката стратегија на Општина Пехчево за имплементација на зелени политики и создавање одржлива локална заедница, со фокус на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Со почетокот на градежните работи започнува реализацијата на сите предвидени активности, кои треба да резултираат со целосно модернизиран административен објект, подготвен да одговори на современите функционални и енергетски барања.