Реклама

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Економија

Во ОУ „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров се доградуваат училници за да се воведе едносменска настава

Камен-темелник на доградба на ОУ „Страшо Пинџур“ во населбата Даме Груев во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Камен-темелник на доградба на ОУ „Страшо Пинџур“ во населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров беше поставен денеска со цел да се овозможи настава во една смена во училиштето.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека со проектот ќе бидат изградени шест нови училници, на две нивоа, на вкупна површина од околу 710 квадратни метри.

-Ова се совпаѓа со нашата стратегија за едносменска настава во сите училишта во општина Ѓорче Петров. Денеска почнуваме во „Страшо Пинџур“ и денеска, исто така, правиме вовед во работата во основното училиште „Јоаким Крчовски“ за нова доградба. Наредната недела вовед во работата ќе направиме и во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром. Со поддршката што ја добиваме од Владата, Ѓорче Петров целосно ќе го промени изгледот. Целосно ги менуваме капацитетите во основното образование, градиме и две нови градинки и сите  проекти се посветени на најмладите, изјави Стојкоски, кој очекува дел проектите да бидат завршени до крајот од годинава, а дел на почетокот од 2027. 

Реклама

Министерката за образование и наука Весна Јаневска  посочи дека проектот за доградба на училници во ОУ „Страшо Пинџур“ е една од 30-те инвестиции вредни 16 милиони евра за подобрување на инфраструктурата за учениците и наставниците. 

-Овој е проект за едносменска настава, која ќе донесе повеќе бенефити. Првиот е општопознат – наставниците и учениците подобро функционираат наутро, а вториот е учениците ќе се задржат повеќе во училиштата, Како што знаете, нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од нивните врсници во Европската Унија. Родителите ќе бидат ослободени од грижата за нивните деца и слободно ќе може да ги вршат своите други функции. И конечно, општината заштедува средства што ќе може да ги вложи во други бенефити за граѓаните, рече Јаневска за медиумите.

Додаде дека со инвестицијата во ова и во две други училишта, кои, како што рече, исто така интензивно ќе се градат во овој период, целата општина Ѓорче Петров ќе премине во едносменска настава.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски му се заблагодари на Министерството за образование и наука за тоа што во капиталните инвестиции вклучило и ваков тип проекти, кои се значајни за најмладите, затоа што, рече, кога вложувате во образованието, вложувате во иднината на државата. 

Им се заблагодари и на градоначалникот и советниците во општината, како и на пратеници во Собранието кои потекнуваат од Ѓорче Петров и се залагаат за проекти во општината.  

-Овој тип на инвестиции се многу значајни за квалитетот на образованието, за нашата иднина, а тоа се децата. Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме вакви проекти. Има уште неколку вакви проекти во периодот што следува и јас секогаш сум тука за да ги поздравам и да ги поддржам, додаде Мицкоски.