Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Во ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ во Општина Ѓорче Петров ќе се постави соларна градина

Општина Ѓорче Петров активно ја започна реализацијата на проектот „Заедничка соларна градина“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров активно ја започна реализацијата на проектот „Заедничка соларна градина“, кој претставува една од првите конкретни локални иницијативи за создавање енергетска заедница во Република Македонија.

Соларната градина, како што информираат од  Општина Ѓорче Петров , ќе биде поставена во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ и ќе овозможи производство и користење на обновлива енергија преку заеднички модел на соработка меѓу општината, граѓаните и партнерските организации.

Проектот се реализира во соработка со Здружението за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце“ и Elektra Energy Cooperation од Грција, а произлегува од учеството на општината во европската LIFE LOOP иницијатива и Espresso Training програмата на Energy Cities.

Реклама

Во рамки на европската иницијатива, Општина Ѓорче Петров стана и првата општина во Македонија која официјално е акредитирана во рамки на LIFE LOOP и Espresso Training програмата, насочени кон енергетска транзиција, одржлив локален развој и развој на локални енергетски заедници.

-Со реализацијата на „Заедничката соларна градина“ правиме конкретен чекор кон создавање локална енергетска заедница и поодржлива иднина за нашата општина. Овој проект не е само инвестиција во обновлива енергија, туку и инвестиција во едукацијата на младите, во заштитата на животната средина и во подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Особено сме горди што Ѓорче Петров е првата општина во Република Македонија која е дел од оваа европска иницијатива – рече градоначалникот Александар Стојкоски.

Енергетската транзиција, додаде Стојкоски, се гради локално, односно преку активно учество на граѓаните, институциите и целата заедница, а оваа иницијатива, како што истакна, претставува конкретен пример за современ и одржлив развој во интерес на сите граѓани.

Покрај придонесот кон енергетската ефикасност и зелената транзиција, проектот има и силна едукативна и општествена вредност, со цел подигнување на свеста кај младите за значењето на обновливите извори на енергија и одговорното користење на ресурсите.