Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ја знае основната лекција по економија и сака да шири паника меѓу граѓаните

СДСМ продолжува со лаги и манипулации кога станува збор за економијата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ продолжува со лаги и манипулации кога станува збор за економијата и економските параметри, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ со ова очигледно има една намера која е многу јасна, да шири паника меѓу граѓаните.

Но, очигледно тие не ја знаат ниту основната лекција по економија, а тоа е дека пари се враќаат, но многу е важно каков раст се продуцира.

Реклама

Дополнително, месецов се објавени нови ревидирани годишни прогнози за економскиот раст на македонската економија. Што велат тие?

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми проекцијата за целокупниот економски раст на Македонија за 2026 година на 3,5 проценти, а Светската банка исто така ја подобри својата прогноза за растот во 2026 година на 3,2 отсто за разлика од претходните 2,9 проценти.

По години владеење на СДСМ заедно со ДУИ, економијата растеше со 1,6 проценти во првиот квартал од 2024 година, јасно е што оставија.

Важно е СДСМ да знаат дека економскиот раст не е проследен со нови инфлаторни притисоци, економијата забрзува, а инфлацијата се намалува, и зад позитивните трендови стојат инвестиции и можности, за разлика од нивното владеење проследено со двоцифрена инфлација.

Според податоците од ДЗС за септември годинава, стапката на инфлација е 0.0%, во однос на август, а и во одредени групи се забележува и намалување на трошоците на живот, што значи дека инфлацијата не се зголемува.

Првите осум квартали откако СДСМ беше на власт, просечниот реален раст на БДП изнесувал околу 2,6 проценти.

Сега, со ВМРО-ДПМНЕ осум последователни квартали БДП има раст од над 3%, а последниот податок за вториот квартал од 2026 година ја потврдува позитивната динамика во економијата, реален раст на БДП 4,3 проценти.

СДСМ ако сака да зборува за долгови прво нека ги погледне економските параметри, а тие говорат дека Македонија ги враќа долговите, но работи и на еконосмки раст што директно го чувствуваат граѓаните со зголемување на нивниот животен стандард, а Владата паралелно носи мерки за цените на енергенсите кои се покачуваат поради кризата на Блискиот Исток.

Разбираме дека не им е јасна разликата, затоа што не е исто да се води марихуана економија и да се води економија која реално придонесува да се подобри животот на граѓаните.