Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Во Македонија рапидно расте бројот на пријави за семејно насилство, а има само три Шелтер центри

Семејното насилство во земјава зема се’ позагрижувачки размери. Она што дополнително го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Семејното насилство во земјава зема се’ позагрижувачки размери. Она што дополнително го вклучува црвениот аларм е фактот што на удар на девијантното однесување на насилниците, се’ почесто жртви се децата уште од нивна најрана возраст, а насилникот најчесто е еден од родителите.

„ЦСР ако изврши споредба за добиените пријави од минатата година и 2024 година, имаме зголемување на пријави, односно имаме 84 пријави, не сметајќи ги пријавите заведени како поплака до овој момент. За жал, оваа година имаме зголемен број каде жртви на семејно насилство се јавуваат децата. Минатата година имавме две деца жртви на семејно насилство, додека годинава имаме шест деца и за нив имаме поднесено како орган за старателство, предлог до Основен суд за изрекување на мерки за заштита кои се изречени“, вели Јасминка Митреска, социјален работник во МЦСР – Прилеп.

Истовремено, Центрите за социјални работи кубурат и со соодветно обучен кадар за оваа проблематика, а недостасуваат и Шелтер центри кои во земјава ги има само три, предупредуваат прилепските социјални работници. Тие се жалат дека добиваат и бројни лични закани, бидејќи, ниту тие биле адекватно заштитени, а ниту пак жртвите.

Реклама

„Ќе го нагласиме и фактот за многу мала примена на итната мерка за отстранување од домот на насилникот, која што како итна мерка е во надлежност на други институции и треба да биде изречена во рок од 12 часа од пријава на насилството. Наместо жртвата да биде заштитена и од домот да биде отстранет оној кој го врши насилството, ние преземаме мерки за заштита на жртвата и бараме начини, користејќи ги расположливите механизми и ја сместуваме дали во семејство на блиски роднини и пријатели или во Шелтер центар“, посочува Тања Тренкоска – Алексоска, правник во МЦСР-Прилеп.

„Особено сме изложени на висок ризик кога треба да ја извадиме жртвата од домот на насилникот и треба да и’ најдеме сместување. Недостасуваат соодветни обуки на стручните соработници, а исто така, недостасува и стручен кадар, општо во Центрите за социјална работа“, рече Ангела Чавкоска-Симоноски, дипл.психолог од МЦСР – Прилеп.

Од прилепскиот МЦСР потенцираат дека институционалната борба против сите видови насилство, а особено против семејното родово базирано насилство е комплексен процес на кој треба континуирано и стратешки да се работи секојдневно.

Каролина Дурло