Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Во Mакедонија „цвета“ еколошкиот криминал, добро уиграни групи ги пустошат македонските шуми

Пустошењето на шумите е најголемиот организиран еколошки криминал во Македонија,поврзан со корупција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пустошењето на шумите е најголемиот организиран еколошки криминал во Македонија,поврзан со корупција и перење на пари.Шумската мафија не мирува, изминатиов период  жртви на мафијата беадвајца шумочувари од кумановско- липковскиот регион и еден шумски полицаец на Китка. Со децении се врши масовна и неконтролирана експлоатација,на диво се сечат и пустошат шумите,а на терен секојдневно се врши грабеж-вели професор Марина Малиш Саздовска која отворено зборува за спрегата помеѓу шумската мафија и одредени структури во власта.

“Не станува збор за некоја мала количина на дрога која што можете да ја скриете било каде во човечко тело, во бункер и да ја пренесете.Станува збор за огромна количина на дрвна маса,тоа без корупција не може да се направи.Не можете вие  да транспортирате огромна количина, тоа се камиони и камиони во прашање, огромен габарит, а никој да не забележи.Не може надлежните полициски органи инспекторатите,задолжените во Ј.П. “Национални шуми” да не го забележат тој феномен на сторување кривично дело”-вели Марина Малиш Саздовска- профeсор на Факултет за безбедност во Скопје

Недостасува желба,политичка воља и целосна посветеност на надлежните органи да го решат овој случај на пустошењето на шумите,велат експертите.Но кој профитира од коруптивните зделки со стотици илјади метри кубни дрво?

Реклама

” И тука се остваруваат енормни финансиски сретства кои што понатаму завршуваат и во приватни џебови, но согласно нашиот целосен систем дел се финансираат можеби и одредени политички кампањи, значи сето тоа пред избори можеби е малку зголемо.Но од анализите кои што јас сум ги правела подолг временски период на економскиот криминал и перењето пари,еден од најголемите проблеми во Македонија токму е шумската мафија”-вели Светлана Николовска-професор на Факултетот за безбедност.

Полицијата ја превзеде акцијата Гора но тоа не е системска, ниту координирана туку акција од времен карактер.Затоа експертите предлагаат формирање на посебен оддел во МВР каде инспекторите би се занимавале само со криминалистички истраги на овие кривични дела. Сугерираат и казните во сферата на еколошкиот кримнал кои сега завршуваат со условна осуда и благи парични казни, да бидат поригорозни и да се врши целосна конфискација на имотот со кој располагаат.Укажуваат дека пустошењето на шумите предизвикува ерозија на земјата и појава на свлечишта, како што се случи во тетовско, кога имаше и жртви.

Росица Голабоска