Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Во кривопаланечката гимназија се одржа тактичко – показна вежба за гасење пожари и евакуација

Проверка на подготвеноста на учениците, наставниците и техничкиот персонал за безбедна и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проверка на подготвеноста на учениците, наставниците и техничкиот персонал за безбедна и брза евакуација во случај на пожар, како и утврдување на ефикасноста на постоечките евакуациски патеки и излези беа главните цели на одржаната тактичко показна вежба за гасење пожари и евакуација што се одржа во средното општинско училиште „Ѓорче Петров”, Крива Паланка.

Вежбата се реализираше во соработка со Територијалната противпожарна единица Крива Паланка и ОВР Крива Паланка. ТППЕ Крива Паланка учествуваше со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а се вклучија и десетина полициски службеници.

-Согласно годишниот план за заштита и евакуација на нашата институција реализиравме вежба за гасење пожар и евакуација која имаше јасна цел, да се провери подготвеноста на учениците, наставниците и техничкиот персонал за безбедна и брза евакуација. Истовремено, заедно со службите ја утврдивме ефикасноста на постоечките евакуациски патеки и излези, вработените беа обучени за правилно постапување при пожар и беше подобрена координацијата помеѓу училиштето и противпожарната службa , но и другите институции: ОВР Крива Паланка, Здравствен дом и ОО на Црвен Крст, информира директорката на СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка, Елена Ѓоргиевска.

Реклама

Ова училиште, како и останатите воспитно образовни институции од Крива Паланка редовно реализираат вакви вежби со кои се подигнува нивото на подготвеност за справување со пожари, за навремено превентивно и едукативно делување.