Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Во Крива Паланка свечено ќе биде осветлена новогодишната елка на градскиот плоштад

Општина Крива Паланка денеска во 17 часот со музички хепенинг и забавен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Крива Паланка денеска во 17 часот со музички хепенинг и забавен спектакл официјално ќе ја осветли новогодишната елка на централниот градски плоштад. Од општината ветуваат забавна програма и старт на една од највпечатливите зимски манифестации во регионот.

-Оваа година општината подготви уште посјајно празнично издание и градот ќе блесне во полн сјај со свеченото осветлување на новогодишната елка. Ќе одбројуваме заедно со граѓаните и ќе го осветлиме плоштадот со илјадници светилки што ја најавуваат најубавата сезона од годината. Илјадниците светилки ќе ја претворат Крива Паланка во магична зимска бајка, создавајќи празнична еуфорија и атмосфера што ќе ги воодушеви и најмалите и најголемите, информираат од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка.

Настанот ќе понуди музичка програма, интересно шоу и журка со диџеј Боно, што ќе ја подигне празничната атмосфера исполнета со ритам, енергија и забава до доцна во ноќта. -Подготвивме настан што ќе обедини семејства, пријатели и посетители од целата околина, момент што ќе се памети цела година, ја буди радоста, топлината и духот на претпразничните денови, велат од општината.

Реклама

Ги покануваат сите граѓани, повозрасни и најмлади, да бидат дел од свеченото осветлување на новогодишната елка и заедно да го означат почетокот на најсветкавото празнично издание на градот.