Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Во Кочани, отворена канцеларија на пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсоски

Пратеникот Павле Арсоски од ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА отвори канцеларија во Кочани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Павле Арсоски од ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА отвори канцеларија во Кочани за контакт со граѓаните. Канцеларијата ќе работи секој работен ден, а асистент ќе прима странки, ќе забележува предлози и иницијативи и ќе закажува средби кои пратеникот ќе ги реализира еднаш во неделата, се вели во соопштението од ЗНАМ.

– Одлуката јас како пратеник на ЗНАМ од ИЕ-3 да ставам во функција пратеничка канцеларија токму тука, во Кочани, беше донесена после сериозна промисла, емпатија, родителска и човечка грижа за добробит на граѓаните од Истокот. Особено на граѓаните на Кочани на кои им е потребна отворена врата и уште еден дополнителен глас, кој ќе биде глас на народот. Канцеларијата ќе биде место каде што граѓаните ќе може да се обратат, да поставуваат прашања, да истакнуваат проблеми, предлози и иницијативи. Оваа канцеларија посакувам да биде мост на доверба и на
одговорност, истакна Арсоски на отворањето.

Отворањето на канцеларии на парламентарците е проект на македонското Собрание, кое се реализира со поддршка на НДИ. Собранието и НДИ, исто така, имаат развиено и интернет-платформа и апликација, на која граѓаните од другите 21 општина во ИЕ-3 ќе може да го прават истото без да мора да доаѓаат во канцеларијата во Кочани.

Реклама

– Отворањето на оваа канцеларија е и дел од заложбите на Движење ЗНАМ за одговорни и транспарентни политики од граѓаните и за граѓаните. Движењето ЗНАМ е нов политички субјект, првпат застапен во македонското Собрание. Поради тоа, отворањето пратенички канцеларии во општини или во региони е процес кој бараше време и исполнување предуслови, пред сè, просторни услови, рече Арсоски и им се заблагодари на собраниските служби, на општинската администрација во Кочани и на Фондот за ПИОМ за поддршката.