Реклама

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја зацврстува меѓународната позиција на Македонија, заедничка изјава и рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија со САД

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека води успешна дипломатија, градејќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека води успешна дипломатија, градејќи силни и одржливи билатерални односи со клучните меѓународни партнери.

Македонија е на чекор до потпишување историски трговски договор со својот стратешки партнер и најмоќната економија во светот, САД, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Пред два дена, по затворањето на пост-мониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, Белата куќа објави заедничка изјава. 

Реклама

Со неа, САД и Македонија се согласија за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, кој ќе ги зајакне билатералните економски односи и ќе обезбеди проширен пристап на извозниците од двете држави до нивните пазари.

Овој договор ќе ги продлабочи трговските врски, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе поттикне економски раст и дополнително ќе го зајакне трансатлантското партнерство.

Станува збор за јасен сигнал за продлабочување на стратешката соработка и силна потврда за поддршката што Македонија ја ужива од САД. Истовремено, се трасира патот кон сеопфатен договор со тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и 0%.

Ова претставува значајна дипломатска победа, потврда за цврстото стратешко партнерство и дополнително зацврстување на економските перспективи на државата.

 Ваквата билатерална соработка со најсилната светска економија претставува силен сигнал за стабилност и доверба.

Со вакви чекори, Владата ја зацврстува меѓународната позиција на Македонија, отвора нови економски можности и  и овозможува  на земјата посилен, постабилен и просперитетен развој.