Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Судиите и обвинителите клиентелисти на СДСМ ги штитат политичките криминалци, зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија?

Венко Филипче е убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија. Во време кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче е убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија. Во време кога Филипче беше министер за здравство имаше низа скандали и злоупотреби во здравството а самиот Филипче е до гуша заглавен во скандалот со Онкологија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека додека Филипче бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра.

-Со одлуката на ОЈО, за завршување на истрагата за случајот Онкологија, поднесени се две обвиненија, но дали и зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија? Според членот 295 од Законот за здравствена заштита, каде што стои „Надзор над законитоста на работата на здравствените установи врши Министерството за здравство“, што значи дека Филипче бил директно одговорен за истото. Дали Филипче знаел дека не се дава онколошка терапија и дека се крадела па дури и завршувала на црниот пазар во Косово? Зошто омилениот обвинител на СДСМ и ДУИ, Гаврил Бубевски, не покренува истрага против Филипче, иако Филипче самиот директно или индиректно, дозволил системски хаос и непочитување на шеесетина законски одредби., се наведува во соопштението.

Реклама

Од партијата додаваат дека последиците од Филипче и СДСМ во здравството се катастрофални и штетни.

-Судиите избрани во Струмица и Зајас наместо да обезбедат правда, тие опструираат предмети и го продлабочуваат клиентелизмот. Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДСМ, со што предизвикуваат ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции. Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се реформи во правосудството. Неопходно е независно судство и неопходно е судството да е растоварено од политички влијанија. СДСМ останува синоним за криминал корупција и предавства, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.