Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

СДСМ денес повторно ја покажува својата целосна бесрамност. Партијата што се обиде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ денес повторно ја покажува својата целосна бесрамност. Партијата што се обиде ја претвори Македонија во поданик на туѓи интереси, за среќа неуспешно заради отпорот на граѓаните, сега повторно го прави истото, се вели во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Токму тие, кои во стил на ефтин пазарџија го тргуваа името, историјата и достоинството на државата, сега се загрижени за, наводна, „надворешната изолација“. Изолацијата што тие ја посакуваат, а не онаа што ја постои, е нивната надеж дека ќе се врати времето кога туѓи политичари беа поважни од граѓаните. Тоа време заврши. Денес Македонија има влада која не клечи, туку стои исправено. Премиерот се среќава со светски државници, а не со советници од втор ред на странски фондации. Македонија не е ничиј експеримент. Македонија се враќа на сопствени нозе, со почит и достоинство, и токму тоа домашните колаборационисти од СДСМ и ДУИ ги нервира најмногу. И додека тие лелекаат од Скопје, обидувајќи се да наметнат лажна слика за „дебакл“, јавноста гледа како нивните кадри ја клекнуваа државата на колена. И гледа како тие, денес бараат „златна виза“ за Дубаи, додека во Македонија зборуваат за правда и еднаквост. Вистинското лице на СДСМ е токму тоа: едно зборуваат, друго прават, истакнуваат од владејачката партија.

Повикуваат на транспарентност, а бегаат во песочни палати на Блискиот Исток. Глумат патриоти, а први ги продаваат националните интереси. Глумат моралисти, а се први кога станува збор за личен интерес. Оваа Влада нема да ви го исполни тој сон. Нема да има амнестии. И ќе има правда. А колку повеќе вриштите, толку појасно е дека вистината ве боли, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.