Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ мора да расчисти со Филипче ако сака да се реформира и да биде релевантен политички субјект во земјава

Се разобличуваат скандалите од времето кога СДСM беше власт, и сето тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се разобличуваат скандалите од времето кога СДСM беше власт, и сето тоа е показател за структурниот хаос, распаднатите институции и неодговорноста на СДСМ, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Случајот со стоковите резерви е само уште едно потсетување дека институциите под контрола на СДСM функционирале само како импровизирани конструкции без механизми за одговорност.

Отписот на 2000 тони пченица и јачмен од стоковите резерви, преку Трајан Димковски, тогашен заменик министер за земјоделство, па потоа истите количини најверојатно завршувале на црниот пазар во соседна држава, алудираат дека ова е организирана злоупотреба од страна на тогашната власт.

Реклама

И покрај укажувањата дека пченицата постоела и била употреблива, направен е  записник што го тврди спротивното, т.е документ со контрадикции, кој сепак е прифатен на владина седница.

Тоа значи дека Заев, Николовски и актуелниот претседател на СДСM во опозиција, Венко Филипче, како дел од тогашната владина структура, формално легитимирале документ што не кореспондирал со фактичката состојба на терен.

А сега Филипче, преку развлечени прес излагања се обидува да се позиционира како опозициски коректив?

Не може некој кој лично учествувал во систем што дозволил вакви пропусти да биде коректив.

Ако СДСM има намера да се реформира и да стане релевантен политички субјект во земјава, мора да покаже зрелост и да се огради од сите функционери на минатата власт.

Тоа подразбира дистанца од Заев, Николовски, а и од Филипче, бидејќи тоа се фигури кои го спречуваат секој обид за вистински реформи во партијата.