Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM и Филипче да одговорат, дали Заев на поранешен премиер на Бугарија му понудил продажба на македонска телевизија и прислушкувани материјали?

СДСM лидерот го менува, но навиките не. Прислушкуваните материјали и купопродажбата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM лидерот го менува, но навиките не. Прислушкуваните материјали и купопродажбата на имоти, како и на државните интереси, продолжуваат да му бидат навика и на Венко Филипче, како на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа го прашуваме Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, како и една шема за купување на две големи фирми, од кои едната била телевизија?

Венко Филипче да не молчи, туку да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали, кое неговиот, ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ги злоупотребува механизмите на членка во ЕУ за да ја блокира државата.

Реклама

Освен за стикот, СДСM и Филипче, исто така, треба да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од страна на фирми од Бугарија блиски до тој поранешен премиер и дали една од тие фирми е една голема телевизија, преку која требало да се врши бугарска пропаганда во државата?

Оттука произлегува уште едно прашање, на кое СДСM и Филипче должат одговор, дали ова е подарокот кој Заев го дал во замена за логистичка и финансиска поддршка од Бугарија би им ја давала на партија и сега и во иднина и дали зад кампањата на СДСM стои тој поранешен бугарски премиер со кој Заев е во контакт?

Од се ова можеме да видиме дека Венко Филипче не е ништи друго, освен алатка за реализација на планот на Заев и неговата таканаречена резолуција е само продолжеток на тој план за потчинување на државата во однос на Бугарија.

Овој нивен план е откриен, Филипче и неговиот ментор и гуру се фатени на дело.

Нивните планови нема да успеат, затоа што на претстојните избори народот жестоко ќе ги казни и со заокружување на број 9 ќе го направат вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.