Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM гледаат анкети и каде што ги нема

Паниката кај СДСM од тонењето и губењето на довербата кај народот расте…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паниката кај СДСM од тонењето и губењето на довербата кај народот расте од ден на ден. Дури и нивните анкети потврдуваат дека партијата им пропаѓа и дека граѓаните не им веруваат. Од толку што не знаат кај тераат, анкети им се причинуваат дури и таму каде што не се спомнати. Последно реагираа на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ и велат дека стоело дека сме направиле анкета, иако во соопштението не постои како викаме дека сме направиле анкета, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Големи се паниката и стравот во СДСM, затоа што не можат да ја консолидираат партијата што го потврди и нивниот пратеник и Битиќи кој изјави дека СДСM не е консолидирана, споро им оди процесот и дека нема да се спремни за следните избори.

А кога сме кај анкетите, нивниот потпретседател ги издаде дека самите ги прават и губат на сопствените анкети. СДСM треба нивниот потпретседател Александар Трајановски да го прашаат за анкетите бидејќи очигледно немаат комуникација внатре во партијата па не им кажал дека губат на нивната анкета. Веројатно од срам не го известил пиарот на СДСM дека тонат.

Реклама

Самиот Александар Трајановски кого Филипче го постави за потпретседател пред два дена изјави дека СДСM губат на анкетите, односно дека граѓаните ја даваат довербата на ВМРО-ДПМНЕ.

И тука се  потврдува дека СДСM тоне во сопствениот пиар, и дека партијата им се наоѓа во тотална конфузија и пад на довербата кај граѓаните.