Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Прв стожер на Стратегијата Македонија 2030 со четири приоритети е државната безбедност и стабилност, зашто само институционално заштитена држава може да обезбеди развој

ВМРО-ДПМНЕ како државотворна и одговорна партија, носител на државноста низ изминатите години,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ како државотворна и одговорна партија, носител на државноста низ изминатите години, уште еднаш ја потврди својата посветеност за развој на Македонија.

На последниот партиски конгрес, покрај политички и партиски одлуки, донесе и важен државнички документ, „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“, која претставува визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа Стратегија на долг рок поставува јасен правец и систем на управување, што импровизацијата ќе ја замени со институционална зрелост, со крајна цел, држава што создава економска моќ, стабилност и самодоверба.

Реклама

Првиот стожер на Стратегијата Македонија 2030 е државната безбедност, која во време на сериозни геополитички промени, сајбер-напади и хибридни закани станува основа за секоја друга државна политика.

Со овој стожер, Македонија го отвора новото поглавје на државноста што ја градиме заедно, чија стратегија за државната безбедност и стабилност се темели на четири приоритети.

Првиот приоритет е модерна Армија со реални НАТО стандарди, со технолошко унапредување, современи системи на командување и развој на сајбер-одбранбени единици. Армија што навистина го штити државниот интерес.

Сајбер просторот е новото боиште на современиот свет, затоа сајбер-безбедноста е вториот приоритет на овој прв стожер од Стратегијата. За поголема сајбер-безбедност на Македонија, потребен е национален центар за дигитална отпорност, јасни протоколи и стандарди што ќе ги штитат институциите, банките и критичната инфраструктура.

Одбрана од хибридни закани и дезинформации е третиот приоритет, за што создаваме државен механизам за анализа, брза реакција и заштита на демократските процеси, без нарушување на слободата на говор, но со заштита на вистината.

Четвртиот приоритет е модерен систем за управување со кризи, кој опфаќа централен команден столб, автоматизирани процедури и регионална координација за брза, професионална и предвидлива реакција.

Само модерна држава која е отпорна и институционално заштитена може да обезбеди развој и стабилност.

Затоа безбедноста е темелот на државата и само стабилна и заштитена Македонија може да биде економски силна, институционално зрела и политички самоуверена.