Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Предлог законот на СДСM за 600 евра минимална плата е доказ дека ако не ја крадеа државата додека беа на власт, работниците денес ќе имаа и повисока минимална плата

СДСM денес се одважи и напиша на хартија Предлог закон за минимална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM денес се одважи и напиша на хартија Предлог закон за минимална плата од 600 евра, за волја на вистината напишале и колку пари им се потребни (околу 7,5 милијарди денари или околу 110 милиони евра), но од каде ќе ги најдат заборавиле да напишат. Доброто во Предлог законот на СДС е тоа што покажуваат дека тие можеле да ја зголемат минималната плата во нивно време и до 600 евра, но арамилукот им бил помил, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Да не дозволеа злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот и штетел на граѓаните, денес работниците ќе имале и повисоки минимални плата можеби од 700 евра.

Но за жал, СДСM и ДУИ, гледаа како можат што повеќе да ја украдат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.