Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Пожарите не се палат сами, излегуваат снимки од кои се гледа како ги палат, а СДСМ со злорадост ликува

Секојдневно сме сведоци на потпалување на пожари ширум Македонија. Повеќе од очигледно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секојдневно сме сведоци на потпалување на пожари ширум Македонија. Повеќе од очигледно е дека пожарите не се палат сами, т.е. како резултат на превисоките температури, туку се работи за човечки фактор, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

-Во текот на вчерашниот ден излезе снимка од која се гледа како човек потпалува пожар во Делчево, а потоа бега од местото. Претходно посочивме за најдени дрва потопени во бензин, гума и ракавици на повеќе локации. Дополнително, секојдневно сведочиме на нови фатени, или приведени лица, голем дел од кои водат до опозицијата лично. Оттука, ги повикуваме институциите уште пожестоко да постапат кон сите кои подметнуваат пожари. Дека станува збор за сценарио говори и фактот што СДСМ со денови со чудна злорадост ликува на пожарите, иако институциите реагираа како никогаш до сега. А, сето тоа поради дополнителната опрема и високата мотивираност. Планот на СДСМ за хаос не успеа, особено не во Скопје, каде подметнувачите очигледно беа најмногубројни, па се фрлија на памфлет прес-конференции дека слабо оди справувањето, истакна Петрушевски.

Од СДСМ забораваат дека сега, за разлика од порано имаме доволен број на возила, авиони и мотивиран персонал, а не Јоцо со Фапот на Заев, од 1975 година. Нема повеќе импровизации, ниту аматеризам. Институциите работат посветено, додаваат од владејачката партија