Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Најголема економска рамка од 6 милијарди евра со потпишување на договорот со Обединетото Кралство

Потпишан Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпишан Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. Стратешко партнерство со Обединетото Кралство е чекор плус, кој ќе ја доведе Македонија на ново ниво на развој. Потпишувањето на договорот значи унапредување и развој во клучни сектори како инфраструктурни проекти во транспортот, образованието, животната средина, ИТ секторот и здравството. Веќе се подготвени три проекти за имплементација: изградба на брза железница на Коридорот 10, нови болнички капацитети, и нови образовни установи. Дополнително, се најавуваат и идни проекти во енергетиката и екологијата. Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла. Веќе се договорени два типа на проекти за работа. Едниот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата којашто е дел од коридорот 10, од Табановце до Гевгелија. Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со оваа финансиската поддршка, Македонија ќе има корист и од британското административно и бизнис искуство, што ќе придонесе за унапредување на домашната јавна администрација и приватен сектор, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.