Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На партискиот конгрес отворивме ново поглавје на политичкото делување

ВМРО-ДПМНЕ го одржа редовниот 18-ти конгрес на кој беа потврдени досегашните успешни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ го одржа редовниот 18-ти конгрес на кој беа потврдени досегашните успешни политики, под водство на претседателот Христијан Мицкоски, кои го трасираат патот на раст и развој на државата во успешна, модерна и просперитетна Македонија. Како носител на државноста, ВМРО-ДПМНЕ на партискиот конгрес отвори ново поглавје на политичкото делување, донесе важен документ, Стратегија 2025-2030 пропратено со нова парадигма, идеолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните, информираат денеска од партијата во соопштението.

Тоа е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава, со економија што расте на знаење и труд, со институции што опстојуваат над политичките циклуси, со самосвесен национален идентитет, со зелен и технолошки развој, и со општество што верува во заедничката иднина.

Со усвојувањето на Стратегијата, ВМРО-ДПМНЕ создаде нешто што е повеќе од политички документи, тоа национален патоказ и рамка што ќе ја стабилизира државата, ќе ја европеизира без да ја разредува, ќе ја зајакне без да ја изолира, што ќе ја направи конкурентна без да ја изгуби својата духовна и историска вертикала.

Реклама

Ова платформа не е обичен документ, туку национален договор што треба да го дефинира животот на државата и развојот на партијата во следната деценија. Тоа е рамката што ја става Македонија во европската иднина без да ја загуби својата историска вертикала, патоказ што гарантира стабилни институции, модерна економија, почитувана дипломатија и самосвесна држава.

Стратегијата овозможува да се чува и негува историското наследство на македонската државност создадена низ долг и тежок процес, затоа што Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет.

Визијата за современа Македонија почива на јасни принципи, држава што го чува својот идентитет, што ја брани својата суверена позиција и ја гради својата европска перспектива врз основа на партнерства, реформи и достоинствено претставување.

Македонија на идните генерации значи развиена и силна економија, каде домашните компании ќе станат мотор на растот, индустрии базирани на знаење, напредни ИКТ технологии, вештачка интелигенција, дигитализација и автоматизација, предвидлива фискална политика.

Токму во оваа рамка се содржани надежта, реализмот и одговорноста што мора да ја водат политиката во следната декада, тоа е визија која треба да ја гради државата за генерацијата која доаѓа.

Македонија може и мора да биде силна, конкурентна и стабилна држава. Тоа бара работа, постојаност и политичко лидерство што не се води од дневни импулси, туку од стратешка мисла.

ВМРО-ДПМНЕ не пишува програма, ВМРО-ДПМНЕ создава договор со иднината.