Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: „Меѓусебната заштита на Коцевски со СДСМ и ДУИ е причина за 2% доверба во судството и одговор зошто нема ниту една истрага за криминал на функционерите од СДСМ и ДУИ“

СДСМ ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери. Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДСМ и ДУИ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДСМ и ДУИ. СДСМ со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДСМ, ДУИ и Коцевски. Очигледно е дека СДСМ и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДСМ и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.

Реклама

-Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДСМ и ДУИ нема да има. Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка. На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДСМ и ДУИ. Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.