Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите

Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДСM, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Кацарска како послушничка и извршителка на Заев, беше наградена за предметот за 27 април, каде предметот го обликуваа во обвинителен акт и за истиот пресуди драконски затворски казни од над 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеле и по 12 часа.

Кацарска е дел од оние во правосудството, кои на очиглед на целата јавност правеа бројни прекршувања на постапките, процедурите и законите, и се причина за доверба од 2 проценти во правосудството.

Реклама

СДСM молчи додека нивната маша во Уставниот суд, Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари, а укинување на пензиите од 7000 денари.

Кацарска има двојни мерила и стандарди, за себе и судиите бара повисока плата и привилегии, а за пензионерите укинување на покачувањето на пензиите.

Токму поради тоа, неопходни се реформи во правосудството, за да се обезбеди поефикасен и праведен систем неопходно е да се врати  довербата на граѓаните во институциите.

Граѓаните заслужуваат транспарентно, независно и ефикасно правосудство ослободено од партиските стеги и било какви партиски интервенции.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на сите граѓани за раст на пензиите, платите и подобар животен стандард на сите граѓани.