Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: И Фрчкоски се опари од Еразмус+, што одработил за СДСМ за 200 илјади евра кои, наместо кај младите, завршиле кај него

На СДСМ институциите им служеле само за личен профит на поединци. Таков…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На СДСМ институциите им служеле само за личен профит на поединци. Таков е и примерот со Еразмус+ со која раководеше кадарот на СДСМ, Лидија Димова. Димова и Зоран Заев со пари од Еразмус+ си ги плаќаа послушните и подобните кои требало да им завршат некоја работа или пак јавно да ги бранат. Покрај што со пари од агенцијата, преку Лазар Нанев, Заев си ја купуваше слободата исто така си ги плаќаше и неговите идеолози и јавни поддржувачи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, преку истоимената агенција чиишто финансиски средства се наменети за образовни програми, Заев и Димова доделиле 200 илјади евра на идеологот Фрчкоски.

Наместо за образовни програми за младите, парите завршиле за проект на кој што конкурирал Фрчкоски. А каде е сега тој и какви образовни програми и проекти реализирал за младите, никој не знае.

Реклама

Секако затоа што тие пари не се земени за проекти за младите, туку тие, најверојатно, се исплата за тоа што Фрчкоски одработувал и уште одработува за СДСМ.

Тој со години е најгласен, кога по нарачка на СДСМ, треба да се нападне, шиканира или извреѓа некој нивен неистомисленик.

Тој е протеже преку кого СДСМ ги изнесува на површина работите кои ги мисли, а не сака јавно да ги кажува.

Тоа е начинот на работа на СДСМ и начин на кој ја користел Еразмус +. За одработување на партиски цели и интереси биле плаќани судии, професори и некакви така наречени експерти.

На површина излегуваат сите работи кои ги правеле СДСМ, Заев и Димова и како ги користеле институциите и нивните финансии за плаќање на нивни поддржувачи и штитеници.