Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да го поддржат Костовски за Бутел, за нов затворен пливачки базен, противпожарен пункт, изградба на пазар во населено место Радишани и многу добри проекти

Последните 4 години Општина Бутел доживеа инфраструктурен бум, актуелниот градоначалник Дарко Костовски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последните 4 години Општина Бутел доживеа инфраструктурен бум, актуелниот градоначалник Дарко Костовски изминатите 4 години реализираше дури над 90 проценти од својата програма.

Дополнително во Бутел се реализираа повеќе од 70 проекти кои не беа дел од програмата, што само покажува и докажува дека Костовски ги слуша барањата на граѓаните и работи во нивен интерес.

Општина Бутел мора да продолжи да се гради и развива во модерна и урбана општина.

Реклама

Затоа во програмата за претстојните локални избори, е предвидено изградба на две основни училишта во Љубанци и Љуботен, каде што на учениците ќе им се обезбедат соодветни услови за следење на наставата.

Покрај ова предвидена е изградба на прва детска инклузивна градинка со капацитет за сместување на 120 дечиња, како и други две градинки во Радишани и Визбегово.

Понатаму, покрај изградба на нови мега паркови, две основни училишта, кружен тек на улицата Бутелска со улицата Александар Урдаревски со што ќе се намали сообраќајниот хаос, ветуваме изградба на затворен пливачки базен во дворот на ООУ Св. Климент Охридски, асфалтирање на улици, се обврзуваме на изградба на противпожарен пункт, како и изградба на пазар во населено место Радишани.

За сето ова да се реализира потребна е поддршката од граѓаните на Општина Бутел, на 19 октомври да излезат и да го дадат својот глас за број 9 за Дарко Костовски и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Бутелчани заслужуваат подобра иднина. Општина Бутел мора и ќе продолжи да се развива во модерна и урбана општина, со проекти и визија.

Посветеноста и домаќинското работење носат резултати. Затоа вистинскиот избор е бројот 9, за твојот човек, твоето место, за твојата иднина.