Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со кадри како Наумоски и Крајовски потврдува дека во СДСМ ништо не е сменето

Колку и да се обидуваат да ја прикажат како обнова, сликата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колку и да се обидуваат да ја прикажат како обнова, сликата за СДСМ е јасна, а тоa е дека СДСM е партија што не тоне од грешки туку од сопствена убеденост дека јавноста нема меморија и дека истите луѓе на Заев можат повторно да се продадат како решение, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Наумоски и Драган Крајовски се старо новите лица во Извршниот одбор на СДСM и ова докажува дека не е кадровска одлука, туку признание дека СДС нема намера да се откаже од моделот на Заев.

Наумоски, поранешен градоначалник на Ѓорче Петров, дозволи во својот мандат граѓаните да се соочуваат со недостиг на вода, деца за кои немаше место во градинките низ општината и со депонија што со години беше проблем. Но, затоа уште првиот ден од мандатот најде време да си ја зголеми градоначалничката плата и да се обиде да протурка 25 урбанистички планови последните 6 месеци, со брзина што никогаш не ја покажал кога станувало збор за јавен интерес. 

Реклама

Тендерските шеми што го следеа неговиот мандат, вклучително и набавката на две машини за перење за градинка, по цена од 25.500 евра од фирма која редовно добивала тендери.

Крајовски, пак, како директор на затворот „Црн мост“ во Битола, го демонстрираше она што СДСM најмногу го цени, способноста да се молчи. Молчеше кога во ќелија изби пожар и беше повреден затвореник, молчеше кога европските пари за реновирање завршија во објект што почна да се распаѓа по две години и молчеше кога службените возила ги користеше за приватни патувања во Албанија и Србија.

И потоа, со сериозно лице и ароганција по телевизиски настапи, Венко Филипче сето ова го претставува како “реформски капацитет“, и комплетно ја потценува јавноста.

Очигледно Филипче сака да порача дека не бара излез од моделот на Заев туку преку тоа што се обидува да продава стари лица како нова енергија, се обидува да го нормализира влијанието на Заев во партијата.

СДСM очигледно одамна се откажа и од логика и од срам, а овие две старо нови лица се показател дека во партијата ништо не е сменето.