Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Честит 23 Октомври, да си подадеме рака, како нашите предци и заеднички од Македонија да направиме подобро место за живеење

ВМРО-ДПМНЕ на сите македонски граѓани им го честита празникот 23 Октомври, Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ на сите македонски граѓани им го честита празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. – Денот на македонската револуционерна борба е важен ден од македонската историја, кој не потсетува дека слободата не била ниту лесно стекната, ниту подарена.

23 Октомври далечната 1893 година е потсетник за првата семакедонска организација, кога основачите со визија, идеали и со револуционерни идеи зачекорија по патот на слободата и македонската државност.

Ова е ден кога со гордост се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и истрајноста на македонските револуционери, затоа што без нивната прогресивност и силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на борбата и вековниот идеал на Македонците за слободна и независна македонска држава.

Реклама

Ние сега слободно живееме во демократска Македонија која ни ја оставија нашите предци, а наша обврска и аманет е со почитување и учење на минатото да ја градиме иднината на просперитетна и развиена држава.

Да си подадеме рака сите, како што направиле нашите предци, и заеднички да направиме од Македонија подобро место за живеење каде што новите генерации ќе ја градат иднината. Нека ние е честит и вековит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, се анведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.