Реклама

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ценовен удар и мигранти ниту имало, ниту ќе има – има дебакл на СДСМ како последниот во Брвеница

Еве ги СДСМ повторно со темни сценарија. СДСМ и Венко Филипче нивниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еве ги СДСМ повторно со темни сценарија. СДСМ и Венко Филипче нивниот неуспех, дебакл и дното до кое се стигнати, не можат да го покријат со ниту една прес-конференција во која шират паника, хистерија и страв кај граѓаните со измислени апокалиптични сценарија. Првично прогнозираа темни сценарија, а веројатно и посакуваа, дека ќе банкротира државата, дека ќе дошле мигранти, дека јавниот долг и инфлација енормно ќе се зголемиле, дека цените на нафтата ќе порасне, дека ќе останеме без вода ако во Македонија се градат дата центри и што ли уште не, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМЕ.

Од сите нивни црни сценарија, или пак желби, за состојбите во државата, ништо не се оствари. Државата не само што не банкротира, туку по седумгодишниот економски пустош што власта на СДСМ го остави состојбите се подобруваат и Македонија се движи напред, мигранти нема, јавниот долг е на историски најниско ниво, инфлацијата во септември е 2,7%, а нафтените деривати најевтини од сите земји во регионот.

Кога сме кај инфлацијата, ќе го напоменеме и следниот податок, кој изгледа од СДСМ не сакаат да го видат. Според Евростат, Македонија со 2,5% има најниска просечната годишна стапка на инфлација за третиот квартал, односно јули-септември 2026 година од сите земји во регионот.

Реклама

Сега, пак, СДСМ повторно заплашува дека ќе има поскапувања, дека тешко ќе се живее, дека платите не стигнуваат и тоа преку Јованка Тренчевска.

Инаку, Тренчевска е ексминистерката за труд и социјална политика на која во опис на работа и беше животниот стандард на сите категории македонски граѓани, почнувајќи од пензионери, во социјален ризик, работниците, а за нив ништо не направи. Пензионерите ги остави со најниски пензии, работниците со плати кои сега не им се допаѓаат.

Како поранешна министерка во владата на СДСМ донесе методологии за платите и пензии кои сега ги критикува дека не биле добри и дека согласно нив, покачувањата не биле доволни.

СДСМ дополнително заплашува и со работните дозволи за странските работници, што како пракса започната исто така од периодот на власт на СДСМ, се ангажираат согласно потребите на пазарот.

Македонија не е единствената држава која се соочува со недостиг на работна сила, такви проблеми имаат и поразвиени европски држави кои недостатокот, исто така, го пополнуваат со работни дозволи за странски државјани.

Оттука на СДСМ на чело со Венко Филипче и појаснуваме, Македонија не е донесена на никакво дно, туку со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија се извлекува од дното во кое седумгодишната власт на СДСМ ја донесе.

Ценовен удар ниту имало ниту ќе има, мигранти ниту имало ниту ќе има, тоа што има е безидејност и дебакл на СДСМ на чело со Венко Филипче, како последниот на изборите во Брвеница.