Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да постапи по тврдењата на Жан Митрев дека Филипче и Заев сакале да му го земат сопствеништвото врз клиниката

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот по тврдењата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот по тврдењата од д-р Жан Митрев за преземање на сопствеништвото во болницата „Жан Митрев“ во периодот додека имаше судски процес против Митрев, и како што рече на прес-конференција пратеникот Бојан Стојановски, да постапи неселективно. 

– Докторот и сопственик на клиниката „Жан Митрев“, во интервју на национална телевизија, кажа оти Венко Филипче и Зоран Заев, му се заканувале со цел да му ја одземат болницата.Во екот на судскиот случај којшто се одвивал против Митрев, кога биле на власт и од позиција на моќ, големците Филипче и Заев, едниот како премиер, другиот како министер за здравство, искористиле момент и преку свои далеку познати методи и пракси, сакале да му го земат сопствеништвото врз клиниката Жан Митрев. Преку институциите, на Митрев му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а притисокот одел дотаму што имал и забрана за продажба на истата. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени поединци од тогашната власт, тука секако се мисли на Заев и Филипче, изразиле желба да му ја одземат болницата, по само една недела ЈО му ја отстранило забраната. Како е ова можно се прашуваме?, рече Стојановски.

Исто така, дополни Стојановски, д-р Жан Митрев обелоденува дека сакале да му ја откупат болницата, по цена далеку пониска и од реалната и од пазарната.

Реклама

Стојановски рече дека „ВМРО-ДПМНЕ е згрозено од тоа до каде Филипче заедно со менторот Заев, биле спремни да одат само за да се збогатат“.

– Додека луѓе умираа секојдневно од ковид кризата, за којашто Филипче и Заев не обезбедија вакцини навремено, тие се занимавале со сценарија за одземање на сопствеништвото на Жан Митрев во истоимената болница. Наместо  да мислат на добробитот на граѓаните, за ова дуо слушаме, згради, автокомпании, авиокомпании, анекси, договори, тендери, набавки, па сега и болници. Го повикуваме ЈО веднаш да го истражи случајот и неселективно да постапи, истакна Стојановски.