Реклама

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Македонија

ВЛЕН е на чело на битката против коцкањето. Почнавме да го корнеме злото кое го насади ДУИ

Соопштение на коалицијата ВЛЕН: „Со усвојување на Предлог-законот за игрите на среќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на коалицијата ВЛЕН:

„Со усвојување на Предлог-законот за игрите на среќа од страна на Владата, ја отвораме најрешителната офанзива против коцкарските картели која со години ја претвораше сиромаштијата на Албанците во своја валута.

Го наследивме општеството во кое секој агол, од селските улици до центарот на градовите беше обележан со светкави излози на казина и обложувалници. Над 7 000 VLT-апарати безмилосно им ги празнеа џебовите на нашите граѓани, додека претходната власт се колнеше во „економски развој“.

Реклама

Го прекинуваме тој порочен круг: со овој закон ќе се отстранат 4 000 апарати, со што коцкарската инфраструктура се намалува за најмалку 70 %. Ова е само прв, но огромен чекор кон целосно прочистување на теренот.

Законот предвидува забрана на рекламирањето на коцкањето, нема повеќе агресивни спотови што го мамат младиот ум со блескави ветувања за „брза среќа“.

Казината и обложувалниците исчезнуваат од населбите каде што има млади луѓе. Околу секој образовен објект воспоставуваме заштитен појас од 500 метри за децата да стигнат до училишниот праг без да минат низ коцкарски коридор.

Ја затвораме вратата и за лакомите лиценци: од сега, нема повеќе една дозвола за бескрајни филијали. Даночните обврски и лиценцните такси драстично се зголемуваат, а секој обид за заобиколување на системот ќе завршува со конфискација и кривична одговорност.
Нашата борба не застанува на физичките адреси, ја прошируваме и на интернет. Досега блокиравме повеќе од 200 нелегални онлајн страници што тивко им се инфилтрираа во домовите на граѓаните, претворајќи го приватното секојдневие во казино без ѕидови.
Свесни сме дека коцкарските картели се добро организирани и опасни противници чии пипци не признаваат граници, ни политички, ни етнички, ни верски. Но решителноста на ВЛЕН е посилна. Оваа борба ја водиме за нашите семејства, за нашите деца и за иднината која им ја должиме.
Почнавме да ја уринавме империјата на коцкањето што ја градеше ДУИ врз бедата на народот.

Ова е почетокот на една нова ера во која ВЛЕН ќе остане строго на своите позиции сè додека ракот на коцкањето не биде целосно искоренет од нашето општество.“