Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

ВЛЕН: ДУИ, Левица и Арсовска создаваат вештачки меѓуетнички тензии за политички интереси

ВЛЕН ја изразува својата длабока загриженост поради координираните обиди кои последниве денови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВЛЕН ја изразува својата длабока загриженост поради координираните обиди кои последниве денови се прават за создавање на вештачки меѓуетнички тензии, со цел да се пренасочи вниманието на јавноста од неуспесите и политичката корупција на партиите кои сега се во опозиција, велат од коалицијата.

-Вчерашниот случај со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, кој го осудивме веднаш, претставува чист пример на инсценирање на меѓуетнички тензии, со валкана реторика за создавање вештачки меѓу етнички конфликт. Исто така, физичкиот инцидент меѓу неколку млади лица во Тетово, кој беше искористен од портали блиски до ДУИ и Левица, со цел поттикнување поделби и страв. Додека граѓаните бараат стабилност, на една фотографија што кружи во јавноста се гледа пратеникот на ДУИ, Муса Џафери, како седи на маса со пратеникот на Левица– претставник на најантиалбанската, проруска и дестабилизирачка партија во државата, велат од ВЛЕН.

Од коалицијата прашуваат: „Кои планови биле дискутирани на таа средба? Кој ја наредил и со каква цел?“

Реклама

-Сето ова се случува во контекст каде што еден функционер на ДУИ во општина Шуто Оризари е под истрага за намерно подметнување пожар, при што во неговиот дом биле пронајдени запаливи материи и сериозни докази што предизвикуваат сомнежи за саботажни дејствија со тешки последици за жителите. Овие настани не се изолирани – тие се дел од опасна стратегија на ДУИ, во тивка соработка со Левица и Данела Арсовска, за провоцирање хаос, враќање на стравот и создавање политички алиби.

Ова се опасни игри со меѓуетничкиот оган кои ја загрозуваат соживотот и стабилноста на државата! ВЛЕН упатува силен повик до меѓународниот фактор, амбасадите и меѓународните организации, внимателно да го следат ова намерна и штетна стратегија, да ги истражат сите случаи и да не дозволат криминалците и поттикнувачите на омраза да се кријат зад политички знамиња. Ние нема да дозволиме криминалните интереси на ДУИ да ги користат Албанците како штит за да ги спасат своите кариери и нивната корупција. ВЛЕН секогаш ќе стои на страната на граѓаните, правдата и стабилноста, велат од коалицијата ВЛЕН.