Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Владата доби двајца нови министри – Беким Сали за европски прашања, Муамет Хоџа за животна средина

Беким Сали и Мухамет Хоџа и официјално избрани за нови министри во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Беким Сали и Мухамет Хоџа и официјално избрани за нови министри во Владата. Со 72 гласа ЗА Сали стана минситер за европски прашања, а Хоџа дојде на чело на министерството за животна средина и просторно плаирање.

Премиерот Христијан Мицкоски ги образложи предлозите, истакнувајќи дека изборот има за цел целосно екипирање на Владата и обезбедување континуитет во клучните ресори.

За Хоџа посочи дека неговото долгогодишно искуство во администрацијата е клучно за политиките на одржлив развој, додека за Сали нагласи дека неговиот претходен министерски и пратенички ангажман ќе придонесе за поефикасна координација на евроинтеграцискиот процес.

Реклама

Премиерот истакна дека сега поранешниот министер за европски прашања, кој денеска беше разрешен, Орхан Мутрезани останува дел од владиниот тим, тој ќе биде дел од кабинетот на премиерот за исполнување на реформите на европската агенда.

Додека владејачкото мнозинство даде целосна поддршка за кандидатите, опозицијата упати остри критики. Од СДСМ го оценија изборот како „политички театар“ за прикривање на неуспесите во реформите и економијата, а пак пратениците од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека веруваат во изборот на овие кадри.

Дебата меѓу пратениците од албанскиот блок највеќе се разви околу разрешувањето на Муртезани наместо поднесување оставка.

Изборот на новите членови на Владата дојде по локалните избори одржани во октомври откако Изет Меџити стапи на градоначалничката функција во Општина Чаир, кој ги извршуваше функциите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.