Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Владата ја почна кампањата „Мај – месец на Европа“ во соработка со европските партнери

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали денеска го означи почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали денеска го означи почетокот на кампањата „Мај – месец на Европа“ заедно со евроамбасадорот во земјата Михаил Рокас, други амбасадори на европски земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции.

Како што стои во соопштението на Министерството за европски прашања, со оваа иницијатива Владата има цел да оди подалеку од традиционалното одбележување на Денот на Европа на 9 мај и да го претвори целиот месец мај во заедничка платформа за промоција на процесот на европска интеграција и негово доближување до граѓаните.

Во своето обраќање министерот Сали истакна дека фокусот на кампањата е насочен кон пренасочување од техничките аспекти на преговорите кон конкретните придобивки од членството во Европската Унија вклучувајќи повеќе можности за младите, развој на инфраструктурата и поддршка на локалната економија.

Реклама

Во соопштението се наведува дека во текот на мај ќе се организираат разни активности и ќе се презентираат успешни приказни од проекти поддржани од Европската Унија, кои веќе имаат директно влијание врз подобрувањето на животот на граѓаните.

Кампањата се реализира како заеднички приоритет на Владата, во соработка со граѓанскиот сектор, универзитетите, бизнис-заедницата и културните институции, со цел процесот на европска интеграција да стане повидлив и позначаен за сите граѓани.