Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Високите температури поволни за дел од земјоделските посеви, но не и за житните култури

Пролетната сеидба се одвива во иделани временските услови, а земјоделците успешно се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пролетната сеидба се одвива во иделани временските услови, а земјоделците успешно се справуват со последиците од климатските промени. И покрај се’ повисокиот данок кои го земаат галопирачките глобални климатски промени, македонските земјоделци оваа производствена сезона, засега имаат речиси идеални временски услови. Единствено, можеби повеќе влага е потребна само за житните култури, констатираат тие. Од Агенцијата за унапредување на земјоделството пак, уверуваат дека благодрение на мерките кои државата ги презема преку ИПАРД-програмите, земјоделците се’ поуспешно се справуваат и со неповолните последици од климатските промени.

„Земјоделците се борат секој на свој начин, меѓутоа генерално, она што државата го прави е следно – значи креираме мерки преку различните програми во делот на наводнувањето, во делот на копањето на бунари, значи таму каде што немаме системи за наводнување и во тој правец имаме такви мерки преку Програмата за рурален развој, ИПАРД-програмата за да може да се интервенира“, вели Горанчо Томески, дипл.агроном од Агенцијата за унапредување на земјоделството, Прилеп.

Во делот пак на заштита од плевели и од загадувањето на почвата и на водите, Томески уверува дека ние како земја – хемиските препарати, односно пестицидите, не ги користиме прекумерно, како што е случај во некои развиени земји.

Реклама

„Меѓутоа, сепак треба да има малку поголема контрола во тој правец, затоа што сето тоа е оставено да се координира преку продавачите, односно земјоделските аптеки кои во суштина треба да имаат стручни лица кои даваат препораки и третмани за тие прскања, и во која доза, и во кои колични да ги применуваат земјоделците“, објаснува Томески.

 Токму од овие причини, во моментов, претставници на Телото за управување со ИПАРД-програмите при ресорното Министерство веќе прават директни средби со земјоделците околу начините за користење на средствата за Мерка 1 од ИПАРД 3, а чија главна цел е „Инвестиции во основни средства за земјоделските стопанства“. А ова значи зголемување на ефикасноста, на конкурентноста, како и на одржливоста на земјоделското производство во земјоделско-прехранбениот сектор во склад со ЕУ-стандардите. Македонските земјоделци од оваа Мерка 1, годинава на располагање ќе имаат 7,4 милиони евра и за нив можат да аплицираат до крајот на месецов, информираат од ресорното Министерство.

 Каролина Дурло