Реклама
Македонија

Вицепремиерот Стоилковиќ се сомнева дека Груби преку камерите се уште ѕирка кој, што работи во Министерството?

Вицепремиерот Стоилковиќ се сомнева дека неговиот претходник Груби ѕирка што тој работи.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот Стоилковиќ се сомнева дека неговиот претходник Груби ѕирка што тој работи. При проверка на поставениот видео надзор утврдил дека некој од далечина упаднал во системот поставен во Министерството за односи меѓу заедниците и така директно преку камерите имал пристап до сите канцелари и ходници. До ова откритие дошол откако не можело да се утврди кој воопшто во министертвото има пристап до системот за надгледувањње и снимање, што го има поставено Груби. Откако стапил во контакт со фирмата што ги поставила камерите, тие утврдиле дека некој веќе влегол во системот од далечина.

  • Јас го прашав надлежното лице од „Мак аларм“ што значи тоа. Вчера во толку и толку часот од таа и таа „IP“ адреса е извршен упад во системот. Ја замолив фирмата да ми достави соодветен извештај за тоа што го констатирале во системот и тој увид да ми го достават мене за да можам да го проследам понатаму. Лицето рече дека тоа се десетина илјади страници, му кажав „немојте толку, дајте барем стотина страници за да можам да го документирам предметот“. Дадов докази и ќе барам одговор од надлежните институции. Се распрашав во меѓувреме, велат дека „IP“ адресите ако не се посебно компјутерски заштитени или немаат некоја друга крипто заштита се лесни за наоѓање и многу лесно може да се констатира од каде бил вршен упадот во Министерството“ – рече Стоилковиќ.

Сите докази што ќе ги собере, Стоилковиќ вели дека ќе ги достави до единицата за компјутерски криминал во МВР, па тие да утврдат дали станува збор за нелегален упад во работата на министерството.

И министерот за дигитална трансформација Андоновски, смета дека ова е законски недозволено, затоа што на пример, и во неговото министерство има видео надзор, но тој е поставен по сите законски прописи и точно се знае кој може да има увид.

Реклама
  • „Тоа е противно на сите закони кои што постојат во државата, ја поздравувам ангажираноста на вицепремиерот. Нема детали бидејќи не сме инстражен орган и затоа не ја знам фирмата, но можам да повтрдам дека пронајдовме систем за видео надзор и во Министерство за дигитална транформација и тоа е во контрола на самото министерство “ вели Стефан Андоновски – министер за дигитална транформација.

Во меѓувреме, по социјалните мрежи се појавуваат и анонимни писма со обвинувања дека Груби, уште и во времето кога бил министер, незаконски ги снимал и следел своите вработени преку надзорни камери и дека тоа го правел и преку далечинско управување. На истите писма, се наведува дека снимките од хард-дисковите се избришани пред Груби да ја напушти позицијата, воедно и дека за видео надзорот била задолжена надворешна компанија, која сега е фантомска.

За Груби, апсолутна невистина се обвинувањата и додал дека институцијата си имала видео-надзор како што било монтирано при изградбата на објектот, уште пред тој да стапи на функција.