Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Вицепремиерот Николоски учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница во Брисел

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Брисел ќе учествува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Брисел ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница, на кој ќе се разговара за напредокот на земјите од Западниот Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурните проекти.

На Министерскиот совет, со кој ќе претседава еврокомесарот за одржлив транспорт и туризам Апостолис Ѕиѕикостас, покрај Николоски ќе учествуваат и министри за транспорт и владини претставници од повеќе европски земји, меѓу кои и од Албанија, Бугарија, Грција, Ирска, Кипар, Косово, Романија, Словенија, Србија и Црна Гора.

Според најавите, Николоски на Министерскиот совет ќе говори за македонските транспортни политики, напредокот и реализација на проектите за европските транспортни коридори 8 и 10, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западниот Балкан.

Реклама

Во пресрет на состанокот, Николоски најави средби со министрите од Грција и Бугарија, на кои ќе стане збор за спојувањето на двата коридори, како и за можностите заедничко финансирање на нови проекти во рамки на Планот за раст.

– Нашата визија е Македонија да стане центар за транспорт на Балканот. Иако не излегуваме на море, имаме една уникатна локација на која коридорите 8 и 10, исток-запад и север-југ, се сечат источно од Скопје и тоа е главната придобивка која мораме да ја дадеме за генерациите што доаѓаат после нас, порача Николоски.

Министерскиот совет тело задолжено за остварување на целите утврдени во Договорот на Транспортната заедница. Тој дава општи политички насоки, го разгледува напредокот во спроведувањето на Договорот, дава мислења за назначувањето на директорот на Постојаниот секретаријат и одлучува за седиштето на Постојаниот секретаријат со консензус. Министерскиот совет се состои од по еден претставник од секоја земја потписничка на Договорот, додека сите членки на ЕУ можат да учеството како набљудувачи. Министерскиот совет се состанува еднаш годишно.

Николоски вчера во Брисел присуствуваше на „Самитот ЕУ-Западен Балкан“, што го организира тинк тенкот „Пријатели на Европа“, каде се обрати на панелот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“.