Реклама

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Македонија

Велјановски: Политички монтираната интерпелација не помина, Тошковски продолжува бескомпромисно да се бори против криминалот и корупцијата

Во вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Александар Велјановски, кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Александар Велјановски, кој дискутираше за седницата во Собранието на која се расправаше за интерпелацијата од страна на Левица, за министерот Панче Тошковски, притоа тој даде свое видување, истакнувајќи дека таа претставува политичка некрофилија и евтина театарска претстава од Левица за собирање политички поени.

„Политичка некрофилија, политички монтирана интерпелација, која што немаше суштина и којашто немаше за цел да ја постави одговорноста на министерот Панче Тошковски на отворена сцена, туку да одработи за политичките потреби на опозицијата во случајот Левица. Не е во ред втор пат во период од три месеци да се поднесува интерпелација кон министерот за внатрешни работи Панче Тошковски којшто е најдобро рангираниот министер кој работи во насока на откривање, зацврстување на правото и на правдата и гонење на криминалот“, рече Велјановски.

Пратеникот Велјановски посочи дека интерпелацијата била поднесена со намера да се нанесе штета на министерот Тошковски и на Владата, од страна на опозицијата, но исто така наведе и дека Владата е стабилна, со што продолжува бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата.

Реклама

„Во однос на интерпелацијата морам да кажам дека беше поднесена сама за себе, дека таа беше еден инструмент една подадена рака од Левица кон ДУИ и кон СДС за да се нанесе штета на работењето на Министерството за внатрешни работи, да се дестабилизира Владата. Владата е стабилна министерот за внатрешни работи е подготвен да се соочи со сите предизвици и да стави крај на криминалот и корупцијата и сè додека трае истрагата, нечовечки е да се прават вакви евтини театарски претстави“, истакна Велјановски.

Исто така во поткастот пратеникот потенцираше дека министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја има сета поддршка од граѓаните во Македонија и дека на дело се гледаат резултатите од неговото успешно работење и справување со криминалот и корупцијата.

„Македонскиот народ му дава огромна поддршка на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, да продолжи силно, недвосмислено и директно да се бори против криминалот и корупцијата. Навистина, периодот којшто измина и којшто е позади нас, сите сме сведоци дека имаше безброј акции каде што полицијата се справуваше со криминалот со корупцијата, да започнеме од апсењето на мафијашки структури којшто беа страв и трепет за граѓаните. Тоа е одлика на една неприкосновена борба против криминалот и едно настојување да се воведе ред“, вели Велјановски.