Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

В сабота отворен ден за креирање на Буџетот на Општина Илинден за 2027 година

Општина Илинден е во процес на подготовка на Буџетот за 2027 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден е во процес на подготовка на Буџетот за 2027 година, при што во периодот од 9 до 25 ноември граѓаните имаа можност преку пополнување анкетен прашалник да ги достават своите идеи, предлози и иницијативи и активно да учествуваат во буџетското планирање, информираат од локалната самоуправа.

-Во продолжение на овој процес, Општина Илинден ги повикува сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица на отворен ден, кој ќе се одржи на 28.11.2026 година (сабота), од 10:00 до 14:00 часот, во просториите на Општина Илинден. Преку директна комуникација со градоначалникот и претставниците на општинската администрација, граѓаните ќе имаат можност да ги изнесат своите потреби, предлози и приоритети и непосредно да учествуваат во креирањето на Буџетот за наредната година – посочуваат од Општината.

Ги повикуваат сите граѓани активно да се вклучат во овој процес и со своите предлози да придонесат кон подобрување на квалитетот на локалните услуги, унапредување на условите за живот и понатамошен развој на општината.