Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Укината пресудата за „Меѓународен сојуз“, Апелација ја потврди само ослободителната за Ременски

Апелација ја укината пресудата за „Меѓународен сојуз“. Уважени се жалбите на Бојан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апелација ја укината пресудата за „Меѓународен сојуз“. Уважени се жалбите на Бојан Јовановски алијас Боки 13 и татко му Миле Јовановски, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ и за Христина Блажевска –   кои се првостепено осудени, а апелационите судии ја потврдија ослободителната пресуда за екс-пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски.

„Истовремено, Апелациониот суд Скопје, со решение ги уважи жалбите и на правното лице „Меѓународен сојуз“ кој Кривичниот суд го задолжи да плати еден милион денари.

Првостепената пресуда за предметот „Меѓународен сојуз“ беше доденесена во април пред две години. Скопскиот кривичен суд го осуди Боки-13 на 9 години затвор за измама и перење пари. Директорката на невладината „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, која доби казна-затвор од 4 години за помагање, една година затвор доби и Христина Блажевска како соработничка на Боки-13. Таткото на Јовановски доби условна казна затвор од две години, која ќе се изврши ако во следните пет години направи друго кривично дело. Ослободителна пресуда судот изрече на Фросина Ременски, која беше обвинета за помагање во делото измама. Судот пресуди дека обвинителството за неа не успеало да го докаже делото по кое таа се товареше.

https://alfa.mk/9-godini-za-boki-13-osloboditelna-za-remenski-presuda-za-megunaroden-sojuz/