Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

УЧК, УЧК и Kочани – двата главни куршуми во црната кампања со кои опозицијата ќе пука кон власта

Трагедијата во Кочани и возкреснување на УЧК – ова ќе бидат главните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата во Кочани и возкреснување на УЧК – ова ќе бидат главните оружја на опозициските СДСМ и ДУИ за време на изборната кампања. Експертите предупредуваат дека во недостаток на квалитетна понуда и идеи за подобрување на животот во Македонија но и во недостиг на некоја голема коруптивна афера за власта, социјалдемократите очекувано ќе го користат случајот со пожарот во пулс за да ги оцрнат своите противници.

Неретко во недостаток на квалитетна понуда и кандидати и идеи, но и рејтинзите покажуваат која е состојбата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, и опозицијата, очигледно одат кон таква гума за спасување, црна кампања и негативности. Не може тоа да направи некој пресврт во места каде се знае кој ќе биде победникот. Тоа што се случи во Кочани е болка во срцето на сите граѓани, да ставите конотација таква, да го лепите како етикета, нелогично. Сите сме криви за таа несреќа. Виновниците треба да ги истражи, обвини и осуди, судско обвинителскиот систем, вели аналитичарот Александар Ристевски.

Ништо подобро не е и во опозицискиот блок на Албанците. Се величи УЧК, се користи националистичка реторика, на митинзи се прикажуваат видеа со сцени од војната во 2001 година. Откако Ахмети му порача на премиерот Мицкоски дека со загари одел во лов на зајци, ами не и на орли, аналитичарите гледаат само една логика во оваа реторика – опозиционерот ја гледа државава како џунгла.

Реклама

Секогаш сум кажувал дека ќе слушаме една, ќе се води една кампања во секое време за омаловажување на кандидатите, ќе ги напаѓаат дека им опслужуваат на српскиот, рускиот свет, не очекувавме од старт тоа. Ахмети и своите акционери, државата ја третираат како џунгла и како зоолошка градина бидејќи тие се навикнале во минатото, своите приврзаници да гласаат како овци, затоа така ја смеатаат државата како џунгла. Целта на ДУИ, и другите партии без печати  и со печати што ги има собрано ќе се обидуваат да ги загреваат етничките тензии но граѓаните се свесни без оглед на нивната националност, вели аналитичарот Љуљзим Фаризи.

Според упатените, ДУИ од секогаш се користела со национализмот, но последнава година се повеќе и повеќе откако по парламентарните избори лани, замина во опозиција. Што се однесува до СДСМ, тешко дека и нападите е црната кампања ќе им донесат некаков успех, бидејќи како што коментираат експертите, анкетите покажуваат убедливо водство на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.