Реклама
Македонија

Учебници ќе има, автобусите ќе бидат проблем

Редуцирани линии од приватните превозници ќе возат низ главниот град утре на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Редуцирани линии од приватните превозници ќе возат низ главниот град утре на старотот од учебната година. Дел од притватниците закажале состанок со директорот и службите на ЈСП, па ќе чекаат решение дали заостанатиот долг од 2017-та година ќе им биде исплатен.

Утре наутро во најголемиот пик дел од притватните превозници ќе пуштат само по еден автобус на една линија како предупредување за неисплатените побарувања.

Досега само од приватниот превозник „Вестор транс“ се изјаснија дека без никаков застој ќе ги реализираат, сите линии како што е договорено со ЈСП и Град Скопје.

Реклама
  • Јавниот превоз организиран од страна на „Вестор транс“ во понеделник продолжува да функционира непречено и согласно со возниот ред. „Вестор транс“ ги почитува и реализира обврските што произлегуваат од законите, одлуките и актите, со кои се уредува превозот на патници и ќе продолжи да го извршува договорот со континуирано и редовно одржување на линиите 9, 11, 11а , 12, 47 и 55 за кои има добиено дозвола за превоз“ – велат од компанијата.

На Јавното сообраќајно претпријатие, пак, му недостигаат автобуси за да може да го покрие зимскиот возен ред кој регуларно почнува од први септември.

И наместо дополнителни возила на Јавниот градски превоз, од утре веќе постојните ќе се редуцираат. Граѓаните кои се припорани со автобус да стигнат со работа, учениците до училиште утре можно е со часови да чекаат на постојките. Други пак порано ги завршија обврските за да не западнат во колапсот кој се очекува по улиците во Скопје.

Владата и даде задолжение на Арсовска да смисли план за веднаш да се реши проблемот со јавниот превоз во главниот град, а таа побара поддршка од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Иако ја доби, градоначалничката со нови обвинувања испрати писмо до Владата и бара пари за нови 250 автобуси.

Министерот за локална самоуправа Перински во изјава за Алфа рече за нова набавка ќе бидат потребни повеќе месеци, а на скопјани решение им треба веднаш. Писмото на Арсовска го очени како ново алиби за нејзината неуспешност во раководењето на градот.

  • Сметаме дека пред да дели пари на наменски смени, прво треба да почне да си ги плаќа ратите за автобисите кои нејзиниот претходник ги набави,а сега и ги плаќа Владата. Второ, сметаме дека час поскоро треба да направи средба со приватните превозници, да им го сервисира долгот кој што мислам дека е околу 2 милиони евра, за колку толку да се пополни празнината во градскиот превоз. Трето, мислам дека треба му овозможи услови на директорот на ЈСП да ги сервисира оние 40-тина автобуси кои што најави дека може да ги сервисира и да ги пушти во промет до крајот на месец септември и на тој начин да почне да си го менаџира процесот во рамките на своите надлежности и на некој начин да почне да ги решава проблемите на скопјани. Се останато е нов политички  декор и владата не може да го смета со сериозност“ рече Перински во изјава за Алфа.

Заедницата на локалните самоуправи ја повикаа Арсовска да си поднесе оставка, бидејќи во тоа гледаат единствени спас за Скопје и скопјани, а претседателот Орце Ѓорѓиевска посочи дека скопските градоначалници се подготвени да иницираат законски измени за да се овозможи предвремена смена на раководството на Градот.