Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Уапсен зетот на покојниот новинар Зоки Фаци, му ги запалил станот и куќата во Катланово

Вчера наутро била избегната трагедија во која можело да настрадаат станари во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера наутро била избегната трагедија во која можело да настрадаат станари во зграда во скопската населба Ново Лисиче откако Тодор Митровиќ, зет за сестра на покојниот естраден новинар Зоран Василевски Фаци го запалил станот во кој живееше Василевски, а сега живеат неговата сестра и двајцата внуци, како и куќата што ја имаше Василевски во Катланово.

Првичните информации говорат дека сестрата и внуците на покојниот новинар подолго време биле жртви на семејно насилство. За случајот синоќа информираше јутјуберот и близок соработник на Василевски, Стефан Лазаров со апел за поголем ангажман на јавноста, но и надлежните за навремени интервенции во случаи на семејно насилство.

„Зградата се наоѓа веднаш до основното училиште Лазо Ангеловски и не сакам да помислам колку ќе беше страшно доколку комшиите не изреагираа на време, затоа што пожарот започнал во ходникот на зградата и можел да се прошири низ цел спрат! Е сега сѐ ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од таткото на внуците на Зоки (неговиот зет).

Реклама

Подолг период ги малтретира, им упатува закани по живот, хроничен алкохоличар е, пријавуван е сто пати до сега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие! Вчера некој полицаец на Бети (сестрата на Зоки, сопруга на сторителот) на нејзина пријава дека сега веќе поранешниот маж и најавил дека ќе ги запали, полицаецот и одговорил ‘аман секој втор ден ли ќе се расправаме со вас’?? Дополнително ова утро додека куќата во Катланово ја гаснат , таткото им се јавува и им најавува дека ќе го запали и станот, додека тие возат накај Катланово.

Лазаров уште информираше дека Митровиќ е уапсен вчера вечер и околу 21 часот е изведен пред судија на претходна постапка.