Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Тркалезна маса: „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“

На покана на Министерството за внатрешни работи, претседателката на Комисијата за еднакви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На покана на Министерството за внатрешни работи, претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Жаклина Пешевска учествуваше на тркалезна маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“, на која присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

На тркалезната маса учествуваа и претставници на повеќе релевантни институции, организации и граѓански здруженија кои работат на превенција и заштита од семејно насилство. Во дискусијата беа споделени искуства од практиката, предизвиците со кои се соочуваат институциите и организациите, како и потребата од дополнително унапредување на координацијата и меѓусебната соработка.

Во своето обраќање, претседателката се осврна на улогата на законодавниот дом, истакнувајќи дека Собранието во изминатиот период донесе повеќе законски решенија со цел подобра заштита на жртвите на насилство врз жените и семејното насилство. Сепак, таа нагласи дека предизвикот останува во нивната доследна и ефективна примена во пракса.

Реклама

Претседателката потенцираше дека донесувањето закони е само првиот чекор, но вистинската заштита на жртвите зависи од нивната целосна имплементација, односно од координирано и одговорно постапување на сите надлежни институции.

На крајот од тркалезната маса беа донесени заклучоци и препораки кои ќе придонесат кон унапредување на системот за заштита, подобрување на институционалната координација и обезбедување поефикасна поддршка за жртвите на насилство врз жените и семејно насилство.