Реклама

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Македонија

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Владата има неселективен пристап, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски за време на денешната посета на Росоман.

Трипуновски посочи дека како владина гарнитура, остануваат цврсто посветени на политиката на нула толеранција за корупција, особено во делот на управување со институциите.

-Мора да потсетиме за разлика во едно претходно време, во време на СДСМ и ДУИ каде што се заштитуваа функционери кои што имаа направено злоупотреби, овојпат тоа не е така – истакна тој.

Реклама

-Ги охрабрувам сите земјоделци и граѓани, доколку имаат сознанија за злоупотреби, манипулации или за било какви незаконски дејствија, веднаш да ги пријават – порача тој.

Министерот Трипуновски, како што соопшти МЗШВ, очекува дека надлежните институции до крај ќе го истражат случајот.

Претходно денеска МВР сопшти дека полициски службеници го лишиле од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство В.А. (41) од Кочани, кој се сомничи дека примил поткуп од 50.000 евра како прва рата од вкупно побарани 100.000 евра. Против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за кривичното дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека до Основниот кривичен суд Скопје е побарано определување на мерка притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство осомничен за примање поткуп.