Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Свет

Трамп против Бајден, Пенс против Харис, расчистен е теренот за американските претседателски избори

Доналд Трамп и Мајк Пенс наспроти Џо Бајден и Камала Харис. Вака ќе изгледа американската претседателска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доналд Трамп и Мајк Пенс наспроти Џо Бајден и Камала Харис. Вака ќе изгледа американската претседателска трка. Останува само и официјално Републиканската и Демократската партија да ги потврдат кандидатурите на конвенциите кои ќе се одржат овој месец а кои поради корона вирусот ќе бидат виртуелни. 

Жена која не е бела и која потекнува од имигрантско семејство – ова е изборот на Џо Бајден за потпретседателски кандидат за кој се надева дека ќе биде добитната комбинација.  

–Како дете на имигранти таа лично знае како имигрантските семејства ја збогатуваат нашата земја, но знае и за предизвиците што значи да се биде црн и Индиец во САД. Нејзината приказна е американската приказна, вели Бајден. 

Реклама

55 годишната Камала Харис е сенаторка од Калифорнија, претходно била главен правобранител на оваа сојузна држава. Нејзината мајка е од Индија, а таткото од Јамајка. 

–Случајот против Доналд Трамп и Мајк Пенс е отворен и затворен. Така е кога избираме човек кој не е подготвен за функцијата. Нашата земја завршува распарчена, а и нашата репутација низ светот, вели Камала Харис. 

Камала Харис на првиот јавен настап откако влезе во трката го нападна двоецот Трамп – Пенс, но и тие веднаш возвратија. 

–Таа е катастрофа. Ќе биде катастрофа за партијата. Почна силно. Таа е екстремно либерална. Всушност слушнав дека таа е најлибералната личност во целиот Конгрес, вели Трамп. 

–Сите знаеме дека Џо Бајден и Демократската Партија се преземени од радикалната левица. Со оглед на нивните ветувања за повисоки даноци, отворени граници, социјално здравство и абортуси по потреба, не е изненадување дека тој ја избра сенаторката Харис, вели Пенс. 

Со изборот на кандидат за потпретседател Демократите и Републиканците се обидуваат да ги зајакнат позициите кај гласачите, но целат кон сосема различни групи – Пенс е популарен кај конзервативните граѓани и кај религиозните заедници особено кај евангелистите, додека Харис би требало да ги привлече имигрантите, малцинствата и Афроамериканците. 

Потпретседателската улога во суштина се смени со администрацијата Картер-Мондејл, каде потпретседателот стана сестран советник и коректор на грешките од претседателот. И таа пракса продолжи со речиси сите претседатели… Го советува. Работи со Конгресот. Тој е врска со законодавната гранка на власта. Презема дипломатски службени патувања, вели Голдстајн. 

Соединетите Држави досега немале жена потпретседателка. Камала Харис е трета која ќе се обиде да стигне до оваа функција. Обидите на Џералдин Фераро од Демократската Партија во 1984-та и на Сара Пејлин од Републиканската во 2008-та завршија со пораз на изборите. 

Претседателските избори треба да се одржат на 3-ти ноември, а инаугурацијата традиционално е на 20-ти јануари. За Алфа од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.