Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Трајков: Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков ќе учествува на панел дискусија насловена:…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков ќе учествува на панел дискусија насловена: „Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година“ во организација на Австриската амбасада во Скопје и Академијата за европски интеграции.

На настанот кој ќе се одржува во скопскиот хотел „Мериот“ ќе учествуваат звучни имиња на амбасадори, европски пратеници и докажани меѓународни експерти. Дебатата ќе ја отвори и модерира професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, проф. д-р Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања и амбасадор во САД, а меѓу говорниците ќе биде и Н.Е. Мартин Памер, австриски амбасадор во Македонија.

На дискусијата свои пораки за предизвиците на ЕУ ќе испратат и Марија Бергер, судијка од Европскиот суд на правдата, пратеникот од Европскиот парламент, Клаус Волфер, кој е поранешен директор за Југоисточна Европа и проширување на ЕУ во МНР на Австрија, поранешен амбасадор во Турција и Индонезија.

Реклама

Учество на оваа дебата ќе има и Герхард Јарош, раководител за меѓународно кривично право во LGP Group и поранешен заменик главен обвинител во Виена.