Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Трајков: Да го реализираме сонот за европска Македонија!

-Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети на Владата, приоритет на кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Евроинтеграцискиот процес е еден од врвните приоритети на Владата, приоритет на кој што посветено работиме. Пред нас имаме зацртано една цел-а тоа е да сториме се што е можно за да го реализираме сонот за европска Македонија!, истакна заменик-министерката за европски прашањa, Викторија Трајков, во своето обраќање на денешната панел дискусија „Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година, во организација на Австриската амбасада во Скопје и Академијата за европски интеграции.

Заменик- министерката Трајков порача дека со реализацијата на европската агенда и имплементација на реформите ќе се олесни пристапниот процес во ЕУ.

„Свесни сме дека Унијата од нас очекува конкретни резултати и затоа сме подготвени да го вложиме нашиот целокупен човечки и институционален потенцијал за час-поскоро да станеме дел од европското семејство. Изморени сме од ветувања и од условувања преку коишто не сме подготвени да преминеме. Новата Влада постави црвена линија. Црвената линија е нашиот македонски идентитет, кој нема да дозволиме да биде обременет со билатерализација. Но, иако, предолго и неправедно сме во чекалната на ЕУ, ние немаме друг избор освен да продолжиме цврсто напред“ рече заменик-министерката за европски прашањa, Викторија Трајков.

Реклама

На настанот кој се одржа во скопскиот хотел „Мериот” зборуваа амбасадори, европски пратеници и докажани меѓународни експерти. Дебатата ја отвори и модерираше професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје, проф.д-р Васко Наумовски, кој е поранешен вицепремиер за европски прашања и амбасадор во САД, а меѓу говорниците беше и Н.Е. Мартин Памер, австриски амбасадор во Македонија.

На дискусијата свои пораки за предизвиците на ЕУ испратија и Марија Бергер, судијка од Европскиот суд на правдата, пратеникот од Европскиот парламент Клаус Волфер кој е поранешен директор за Југоисточна Европа и проширување на ЕУ во МНР на Австрија. На дебатата учествуваше и Герхард Јарош, раководител за меѓународно кривично право во LGP Group и поранешен заменик главен обвинител во Виена.