Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Трајков: Посветени сме на имплементација на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ 

Состојбите со владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбите со владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација, како и Реформската агенда беа разгледани денеска на состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација со Европската унија. 

На состанокот на Комитетот посебен акцент е ставен на политичките критериуми и Реформската агенда.

-Како ко-претседавач на Комитетот за стабилизација и асоцијација дозволете да изразам задоволство што по пауза од пет години продолжуваме со состаноците на ова тело со која ја потврдивме посветеноста на Македонија кон продолжување на реформите поврзани со европската интеграција и кон натамошно унапредување на соработката со Европската Унија. Ја потенциравме важноста од континуиран политички дијалог, спроведување на реформската агенда и забрзување на процесот на усогласување со правото на Европската Унија, рече заменик-министерката за европски прашања и ко-претседавачка со Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Македонија, Викторија Трајков.

Реклама

Како што соопшти Кабинетот на Трајков, состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација со ЕУ заврши со потврда за продолжување на редовната работа на поткомитетите во рамки на ССА и подготовка на наредниот состанок.