Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Тошковски: Не сум задоволен од директорот на БЈБ Тасевски, но не можам ништо да сторам

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не е задоволен од работата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не е задоволен од работата на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, но рацете му се врзани и не може да предложи кадровска промена на оваа позиција. Ова тој го изјави во поткастот на Плусинфо, во разговор со уредникот Бранко Героски.

Министерот Тошковски детално ги објаснува причините за своето незадоволство од начинот на кој техничката влада на Талат Џафери ги комплицира односите во врвот на МВР.

Во разговорот, Првиот човек на овој ресор објавува ексклузивни детали од доверливиот извештај за спроведувањето на операцијата за замена на личните документи и за одговорноста на раководни лица за големите пропусти.

Тема на разговорот се и очекувањата на Тошковски од изборите, посебно во изборната единица број 6, за кои постои загриженост и кај него, но и кај претставници на меѓународната заедница.

Како адвокат по професија и бранител на неколку случаи покренати од поранешното Специјално јавно обвинителство, Тошковски коментира како и зошто дојде до распад на македонското правосудство, но и за тоа како ќе изгледа правдата во Македонија ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.