Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Томовски: Владата продолжува да издвојува средства онолку колку што е потребно за настраданите лица од Кочани

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата и член…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски во врска со трагедијата во Кочани истакна дека Владата првично издвоила сума од 30 милиони денари почетна сума за да излезе во пресрет на лицата кои се придружба на лицата кои се лекуваат надвор од нашите граници.

– Првично она што го направивме како Влада издвоивме 30 милиони денари почетна сума која треба да излезе во пресрет на лицата кои се придружба на лицата кои се лекуваат надвор од нашите граници. Она што го направивме, најнапред ги исконтактиравме сите лица, им организиравме транспорт, сместување непосредно во близина на болниците и постојано останавме во непосреден контакт со лицата за да не бидат понатака изложени на никакви додатни трошоци. До овој момент потрошени се некаде околу 25-26 милиони денари и тоа не е последната сума неколку пати сме спомнале дека ќе издвојуваме онолку средства колку што е потребно овие лица да добијат соодветни услови и да не бидат изложени на додатни трошоци, вели Томовски.

Томовски продолжи и додаде дека покрај помошта од државата, помош има и од Црвениот крст.

Реклама

– Покрај ова што го помогнавме како држава директно на овие лица тука стои и Црвениот крст односно заедно до него застанавме и ние и преку донираните средства на Црвениот крст беа уплатени кон лицата кои беа повредени во овој несакан настан“, кажа Томовски.

Томовски потенцираше дека има постојани и секојдневни јавувања за помош на настраданите од Кочани.

– Има постојани и секојдневни јавувања колку што може и како се може во начин на брзина се одговара на тие нивни барања. Има барања за онаа соодветна облека што ќе им се обезбедува, има барања за ослободување од партиципација која е во крајна фаза и во завршна фаза. Едно од барањата беше токму одморалиштето Пониква да биде оспособено за потребите на овие лица, веќе првата група од саботата е сместена таму, заклучи Томовски.