Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

ТХП: Повторени избори под сомнеж – потребни јасни правила за улогата на поверениците

По локалните избори одржани на 19 октомври 2025 година, објавено е дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По локалните избори одржани на 19 октомври 2025 година, објавено е дека во четири општини изборите ќе се повторуваат на 11 јануари 2026 година поради недоволна излезеност на гласачите. Во меѓувреме, сериозна загриженост предизвикува фактот што назначувањето на повереници за овие општини се врши исклучиво врз основа на политички одлуки, без јасни и транспарентни критериуми или правни основи, се наведува во соопштението од Партија за движење на Турците – ТХП.

Нашата земја е изградена врз демократски вредности кои подразбираат плурализам, одговорност и почитување на правната држава. Обезбедувањето функционални, фер и слободни изборни процеси е клучен предуслов за стабилноста и довербата во институциите. Во отсуство на законска регулатива што би спречила назначените повереници да се кандидираат за градоначалници, се отвора простор за злоупотреби, ограничување на демократските права и отстапување од европските стандарди.

Искуствата од други држави каде што се применува управување преку повереници покажуваат дека ваквите практики можат да доведат до зголемени ризици од авторитарни тенденции. Тоа директно го нарушува очувувањето на партиципативната демократија и го отежнува процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија.

Реклама

Поради сето наведено, повикуваме итно да се донесе ефективно законско решение со кое на назначените повереници ќе им се забрани кандидатура за градоначалници во општините каде што привремено управуваат. Само со јасни правила, транспарентност и одговорност можеме да ги заштитиме демократските процеси и да обезбедиме фер и европски усогласени избори.